Наполи е во потрага по централен дефанзивец и сака да реагира експресно на трансфер пазарот. Костас Манолас отиде во Олимпијакос, додека Калид Кулибали заминува на Африканскиот куп на нации. На тренерот Лучијано Спалети итно му е потребен нов одбранбен фудбалер.
Според „Скај Спорт“, прв избор е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе.
Се работи за позајмица, без право на откуп, а Наполи нуди 400.000 евра. Сепак, Манчестер Јунајтед бара еден милион евра. Наскоро се очекува да биде постигнат договор и Спалети да добие нов играч во тимот.
Туанзебе моментално е на позајмица во Астон Вила и има одиграно 11 натпревари за клубот од Бирмингем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













