
Италија ужива во фудбалскиот успех. „Аѕурите“ вторпат во историјата станаа европски прваци откако во финалето на Европското првенство ја совладаа Англија на „Вембли“ по изведување пенали. Еуфоријата се пренесе и на најмладите кои за спомен тетовираат дел од најдобрите моменти од настапот на Италијанците.
Убедливо најпопуларна е тетоважата на која е отсликано како Џорџо Киелини, капитенот на италијанскиот национален тим, го „дави“ Бакајо Сака. Тој во еден момент го фати младиот англиски фудбалер за дресот, го повлече и го тресна на земја.
„Оваа тетоважа ја отсликува моќта што ја покажа Италија на Европското првенство. Таа дефинитивно е омилена, посебно кај помладата популација“, вели Даниеле Џованоти, сопственик на салон за тетоважи во Милано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
