„Марка“ ги истакна фудбалерите на ЕВРО 2024, кои според популарното шпанско издание не ги оправдаа очекувањата и го оформи најлошиот тим на шампионатот. Во него внимание привлекува присуството на Кристијано Роналдо (Португалија) и на Ромелу Лукаку (Белгија), кои завршија без ниту еден постигнат гол. Друштво во нападот им прави и Душан Влаховиќ (Србија).
Двајца играчи на досегашниот шампион Италија се во одбранбената линија, Џанлука Манчини и Џовани Ди Лоренцо.
Како разочарувања се посочени уште Доминик Шобошлаи (Унгарија), Сергеј Милинковиќ – Савиќ (Србија), Олександр Зинченко (Украина), Андреас Кристенсен (Данска), а на голот е Доминик Ливаковиќ (Хрватска).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













