Чешкиот дефанзивец Робин Хранач без сомнение е досега најголемиот „грешник“ на ова Европско првенство. Во првиот натпревар против Португалија беше виновник за двата гола што резултираа со пораз на неговиот тим од 2-1, а во денешниот натпревар против Грузија играше со рака во својот казнен простор и предизвика пенал од кој Грузија поведе. Натпреварот заврши 1-1.
Против Португалија, Хранач имаше уште полош ден. Прво постигна автогол, а потоа во 92. минута со очајна реакција во одбраната им ја подари топката на португалските фудбалери, што доведе до победа на Португалија бидејќи тие ја искористија таа шанса за конечни 2-1.
Што се однесува до клупската кариера, Хранач е дете на Плзен, за кој сè уште настапува, а денешниот настап за репрезентацијата му е само петти за сениорската селекција на Чешка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













