Петар Најдов одигра извонреден натпревар изминатото коло во гостинскиот триумф на Кит Го против Кожуф во Гевгелија. Сега посакува тимот да продолжи во ист стил и на денешниот натпревар од 12. коло против Плачковица на домашен терен.
„Формата и атмосферата во клубот се повеќе и повеќе растат. Но, мора максимално ангажирано да продолжиме и на денешниот дуел како и на претходните натпревари, затоа што нема лесен противник. Сега мора да покажеме карактер и пред цела фудбалска јавност да потврдиме дека имаме потенцијал за високи дострели“ – вели Најдов пред средбата со радовишани.
Дени Лековски од Битола ќе биде главен судија на натпреварот кој се игра со почеток од 13 часот. На Лековски ќе му помагаат сограѓаните Николче Дрнковски и Владимир Митревски, а четврти судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски исто така од Битола. Делегат на натпреварот ќе биде Тихо Чурлинов од Гевгелија, а контролор – Зоран Николовски од Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













