Работнички по пет кола се израдува на важен триумф, а еден од творците на успехот беше младиот играч за врска Кристијан Ацковски. 21-годишниот играч од средниот ред блескаше во маневарот како креатор на играта, а успеа да се запише и во листата на стрелците потврдувајќи ја победата. Со својата игра заслужи да биде прогласен за најдобар играч во 34.коло од Првата фудбалска лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
Работнички по овој триумф речиси ги разреши дилемите околу опстанокот, а се уште се надева и на освојување на четвртото место на табелата кое може да донесе и излез на европска сцена, доколку Академија Пандев го освои Купот на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













