Македонскиот прволигаш Академија Пандев доведе две одлични засилувања за претстојната сезона. Денеска договори со клубот потпишаа поранешните македонски репрезенатативци Бојан Најденов и Мите Цикарски.
Најденов ќе го засили средниот ред на Академија Пандев. Тој во кус период настапуваше за „пандевци“ во 2020 година, а потоа се пресели во Вардар. Најденов во последниот период беше во странство и играше за Навбахор во Узбекистан и за Искра во Црна Гора.
Мите Цикарски е лев бек кој исто така кусо ги бранеше боите на Академија Пандев, а во 2021 година се пресели во Ботев Пловдив. Сега повторно се враќа во струмичкиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













