
Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ќе ја напушти Фиорентина. Англискиот премиерлигаш Арсенал е подготвен да ги урне сите рекорди и да го доведе на „Емирати“ еден од најперспективните напаѓачи во Европа.
Фиорентина за неговите услуги бара 70 милиони евра и „топчиите“ се подготвени да ја платат отштетата. Влаховиќ бара неделна плата од 200.000 евра, што е околу 10 милиони годишно, и договор за пет сезони, плус 20 милиони европски банкноти за својот агент.
Арсенал е подготвен да ги исполни сите овие барања и да го доведе во своите редови. Се чини дека работата е многу блиску до реализација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
