
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, испишува историја. Баварците групната фаза од Лигата на шампионите ја завршија со максимални 18 бодови, а со овие шест победи младиот стручњак продолжи да испишува историја.
Баерн ја заврши и лани групната фаза со сите шест победи, но серијата на Нагелсман трае уште подолго. Пред да дојде во Баерн, Нагелсман забележа две победи во групната фаза од Лигата на шампионите со Лајпциг, па неговата серија сега изнесува 14 триумфи.
Интересно е што само Луј ван Гал успеа да врзе 14 победи во групната фаза од Лигата на шампионите, заедно како тренер на Барселона и Баерн Минхен.
Нагелсман минатата сезона за жал беше сопрен во четвртфиналето од Вилјареал, ќе видиме дали ќе успее да оди понатаму годинава.
Ждрепката за осминафиналето на ЛШ е закажана за понеделник во 12 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
