Селекторот на германската фудбалска репрезентација Џулијан Нагелсман изјави денеска дека со резултатот од првиот натпревар, Унгарија е под малку поголем притисок од Германија пред меѓусебниот дуел на Европското првенство.
Германците во петокот на домашен терен во Минхен ја победија Шкотска со 5-1 во првиот натпревар на ЕВРО 2024, додека Унгарија во саботата во Келн загуби од Швајцарија со 3-1.
„Со резултатот од првиот натпревар, Унгарија е под малку поголем притисок од нас и ќе мора да игра поофанзивно отколку против Швајцарија, бидејќи поразот би можел да биде синоним за елиминација”, изјави Нагелсман.
Германскиот селектор рече дека неговиот тим добро ја анализирал играта на Унгарија.
„Унгарија е многу добар тим во транзициска игра, има двајца напаѓачи кои се навистина добри, но ние сме подготвени“, изјави 36-годишниот германски стратег.
Натпреварот Германија – Унгарија почнува во 18 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski