Connect with us

Нагелсман: Не знам како тоа не беше пенал, можеа да го прегледаат 48.000 пати во ВАР собата

Домаќинот Германија на брутален начин доживеа елиминација во четвртфиналето на Европското првенство. Шпанците постигнаа гол за триумф (2-1) во 119.минута од мечот преку Микел Мерино.

Сепак, Германците никако не можат да се помират со недосудениот пенал, кога Кукуреља играше со рака во сопствениот шеснаесетник.


Таа одлука никако не му е јасна и на германскиот селектор Џулијан Нагелсман.

„Ако топката оди јасно кон голот и Шпанецот ја запре со рака, не е важно дали го прави тоа намерно или не. Тоа е всушност најмалку важно. Тоа е чист пенал што го добивме против Данска, а ова беше уште ‘поголем’ пенал. Не знам кое правило е применето кога се одлучи дека не е пенал, но знам дека можеа во ВАР собата спорниот момент да го прегледаат 48.000 пати. Не знам кога раката е во природна положба, а кога не“, изјави Нагелсман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови