Connect with us

Нагелсман е одушевен од Мусијала: Тој игра на ЕП како да е на мал фудбал со другарите

Домаќинот на ЕВРО 2024, селекцијата на Германија, во второто коло од групната фаза победи со 2-0 и избори пласман во осминафиналето. Головите ги постигнаа Џамал Мусијала и Илкај Гундоган.

Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, не го крие своето воодушевување од игрите на Мусијала.


„Имав многу состаноци со Џамал додека бев тренер на Баерн, но и сега во репрезентацијата. Секогаш му велам дека мора да игра како да е на терен за мал фудбал во Германија или Англија со пријателите, не смее да размислува за притисокот. Брилијантен е и само треба да ужива во фудбалот“, истакна Нагелсман.

За него многу пофално пред една година зборуваше и легендарниот Патрик Клајверт.
„Во овој момент, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор владеат со европскиот фудбал и сигурен сум дека барем еден од нив ќе ја освои „Златната топка“. Тие тројца играчи се предводници на новата генерација, но наскоро ќе им се придружи и Џамал Мусијала“, изјави Клајверт.

Многумина се воодушевени од одличниот стил на Мусијала. Во претходните две сезони постигна 30 гола за Баерн и стана носител на баварскиот гигант. Претходната сезона, во последното коло на Бундеслигата, постигна гол во последните минути против Келн и така ги скрши срцата на навивачите на Борусија Дортмунд, а на Баерн му ја донесе титулата.

Мусијала е роден во Штутгарт. Неговиот татко е Нигериец, а мајка му е Германка со полски корени. Со седум години се пресели во Англија каде што беше дел од академијата на Челси и младинските репрезентации, но подоцна се врати во Германија и одлучи да настапува за земјата во која е роден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови