Селекторот на германската репрезентација Џулијан Нагелсман изјави дека групата која ја доби неговата селекција на ждребот за Европското првенство следната година е доста силна.
„Тоа не е група на смртта, но е многу силна група и со нетрпение очекуваме да учествуваме“, коментираше Нагелсман во Хамбург.
Германија е сместена во групата А, во друштво на Шкотска, Унгарија и на Швајцарија.
„Сега знаеме со кои селекции ќе играме и нѐ очекува одличен старт против Шкотска со емотивни навивачи од двете страни. Познавам неколку швајцарски играчи со кои сум работел во минатото“, додаде Џулијан Нагелсман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













