
Валмир Нафиу со евроголот на пресметката со Тотенхем го потврди својот огромен потенцијал. Овој 26-годишен фудбалер во разговор за клупската веб-страница на тетовци се наврати на најблескавиот момент во кариерата, откривајќи дека меѓу првите кои му честитале по мечот бил Хеунг Мин Сон.
„Само да излезеш на терен против моќен тим како Тотенхем, тоа е остварување на сонот, чувство што не се опишува со зборови. Кога го дадов голот, тоа е чувство што ќе го паметам дур сум жив, огромна радост. Тоа беше гол за 1-1, за момент почнавме да веруваме во сензација, но иако тоа не се случи голот сепак ми останува како најблескав момент во досегашниот дел од кариерата. Со Сон се познавам од претходно, заедно настапувавме три години во младинските екипи на Хамбургер. Секако дека се поздравивме и поразговаравме по мечот, тој веднаш ми честиташе велејќи дека сум постигнал еврогол“, вели Нафиу.
Тетовци сега погледите целосно ги насочуваат кон домашната сцена, каде апсолутен приоритет е освојување на шампионската титула.
„Не беше лесно да се игра последниот меч со Пелистер, имавме натпревари на секои три дена, згора на тоа последниот дуел ни беше токму против Тотенхем. Сепак, иако лошо стартувавме успеавме да собереме сили за пресврт и да стигнеме до победата. Знаеме дека нема да ни биде лесно ниту на саботниот натпревар против Силекс, но ќе сториме се за да стигнеме до трите бода. Шкендија атакува на титулата, затоа сакаме да влеземе во што подолга победничка серија“, оптимистички е расположен Нафиу во пресрет на продолжението од домашната сезона.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Зекирија Рамадани нов тренер на косовскиот прволигаш Дрита

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Ѓорѓи Мојсов

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?
