Начо Фернандез го напушта Реал Мадрид по 23 години и ќе се пресели во саудискиот клуб Ал-Кадсија. Оваа вест, која во последните денови често се споменуваше во шпанските медиуми, денес ја потврди Фабрицио Романо.
Италијанскиот инсајдер објави дека сега веќе поранешниот капитен на Реал ги поминал медицинските прегледи и дека ќе потпише договор со саудискиот клуб на две години.
Начо Фернандез пристигна во Реал во 2001 година од нисколигашот Комплутенсе кога имаше 11 години, а во својата сениорска кариера во дресот на мадридскиот тим освои сѐ – дури шест титули во Лигата на шампионите, четири титули првак на Шпанија и два Кралски купа.
Бидејќи Начо ја носеше капитенската лента на Реал, шпанските медиуми пишуваат дека Лука Модриќ, како досегашен заменик капитен, ќе биде новиот капитен на „кралевите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













