Играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А. Како што пренесуваат италијанските медиуми, тој е на излезна врата од Ливерпул, а би можел да пристигне во редовите на Милан.
Кеита во 2018 година од Лајпциг за сума од 60 милиони фунти пристигна во Ливерпул, но не е задоволен од минутажата во тимот на Јирген Клоп и сака да ја промени средината.
Милан планира да го засили средниот ред во трката за шампионската титула и веќе стапил во контакт со агентот на Кеита. „Росонерите“ сакаат да го добијат на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













