Connect with us

На среде Европско – влези на терен и направи си селфи со Роналдо (ВИДЕО)

Португалија лесно ја совлада Турција во натпреварот од второто коло на групата Ф на Европското првенство. Португалците славеа со 3-0 и со максимални шест бодови обезбедија прво место во групата и пласман во осминафиналето уште пред последниот натпревар во групната фаза. Но, покрај одличната игра на Португалија, овој натпревар во Дортмунд беше обележан од неверојатно лошата организација на редарската служба.
Четири пати за време на натпреварот, навивачи упаднаа на теренот за да се фотографираат со Кристијано Роналдо.

Според правилата на УЕФА, овие упади не беа прикажани за време на преносот, но реакциите од трибините беа јасни – навивачите негодуваа поради егзибициите на тие што во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот и го реметеа ритамот на играта.

Што се однесува до редарите, првите три упади ги издржаа со одредено трпение, но при последниот употребија сила и го отстранија натрапникот од теренот на груб начин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови