Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, е фатен во истрага организирана од британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и е осомничен за врски со Русија, пренесува Goal.com.
Британските власти велат дека Мансур, кој е сопственик на клубот од Манчестер од 2008 година, им помогнал на руските тајкуни да ги префрлат своите средства од Англија во Обединетите Арапски Емирати по почетокот на руската воена агресија во Украина.
52-годишниот шеик е потпретседател на ОАЕ, а неговото нето богатство се проценува на околу 16 милијарди евра. Доколку се документираат тврдењата на британската влада, тој би можел да го загуби клубот Манчестер Сити.
Според новите правила на Премиер – лигата, сопствениците и директорите на клубовите можат да бидат сменети од нивните позиции доколку се утврди дека се вмешани во злосторства или кршење на човековите права.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













