
На Кристијано Роналдо му се смачи од Саудиска Арабија и веќе сака да го напушти Ал-Наср. Тој размислува да се врати и да живее во Мадрид, пренесува „Ел Насионал“.
Причината за заминувањето е тешкото прилагодување во новата средина и пред сѐ на културата на живеење во Саудиска Арабија.
Реал Мадрид е подготвен да го вклучи Роналдо, кој девет години го носеше дресот на „кралскиот клуб“, но не како играч, туку како функционер во клубот.
Претседателот Флорентино Перез е подготвен да му понуди на Роналдо враќање во клубот како амбасадор или да му понуди позиција во спортскиот менаџмент на клубот. Но, тоа значи дека Роналдо треба да донесе одлука да стави крај на фудбалската кариера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal