Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев се ноѓа во клупскиот хотел на Џенова и ги очекува резултатите од вториот тест на Covid-19. Дури потоа би можел да го напушти клупскиот карантин. Десетмина негови соиграчи се покажаа позитивни на коронавирусот по мечот со Наполи, а денешните први тестови потврдија дека ги имаат симптомите на Covid-19. Пандев, за среќа, има негативен тест, но треба да стигне уште една потврда, втор негативен примерок, по што ќе може да ја напушти изолацијата.
Вистинска пандемија ја нападна Џенова, клупските органи се надеваат дека ќе биде одложен мечот против Торино, затоа што покрај позитивните случаи, и сите останати се изолација затоа што имале одреден контакт со заболените. Дури по вторите примероци од тестирањето, чии резултати најверојатно ќе бидат познати во текот на утрешниот ден, ќе се знае каква разврска ќе има целиот случај во италијанскиот калчолигаш.
Македонскиот национален тим го очекува капитенот Горан Пандев да пристигне на собирот во пресрет на толку очекуваниот плејоф меч против Косово во Лигата на нации. Македонија е на два чекори до пласман на Европско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













