
По ремито на Саудиска Арабија со Бахреин (0-0), позицијата на Роберто Манчини како селектор на саудискиот тим е сериозно загрозена, информира весникот „Газета дело Спорт“. Тимот е на третото место во својата квалификациска група за Светското првенство, со пет бодови заостанување зад лидерот Јапонија.
„Треба да се извиниме на навивачите кои нè поддржуваат. Ова е неприфатлива ситуација, освоивме само две бода на последните три натпревари на домашен терен. Ќе донесеме одлука“, изјави претседателот на фудбалската федерација, Јасер Ал Мисехал.
Дел од навивачите на Саудиска Арабија веќе побараа оставка од италијанскиот стратег, кој пред три години ја направи „сквадра аѕура“ европски шампион.
Манчини има договор со саудиската федерација до 2027 година, со плата од 18 милиони долари годишно, плус уште 6 милиони во форма на различни бонуси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski