Арсенал повторно оваа сезона се бори за титулата во Премиер – лигата, но во продолжение на сезоната може да биде ослабен за уште еден важен играч.
Репрезентативните паузи се нешто што менаџерите на клубовите најмногу ги мразат, бидејќи секогаш се плашат дека играчите ќе се вратат повредени, а на менаџерот на Арсенал, Микел Артета, повторно му стигнаа лоши вести.
Букајо Сака заработи повреда за време на неочекуваниот пораз на Англија од Грција (1-2) на „Вембли“. Крилниот играч на „топчиите“ ја напушти играта кривејќи и држејќи се за десната нога.
Сака беше стартер во натпреварот против Грција, но беше заменет веќе во 52. минута. Тој е незаменлив во тимот на Арсенал, а сега Артета може само да се надева дека повредата не е од потешка природа.
Минатиот месец, настапувајќи за Норвешка, Мартин Одегард се повреди и е надвор од терените некое време. Без него, Норвешка синоќа ја победи Словенија со 3-0, со два гола на Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













