Поранешниот македонски репрезентативец Музафер Ејупи се врати во редовите на Славен Белупо, потпишувајќи едногодишен договор со тимот од Копривница.
По три сезони минати во Осијек, Ејупи се одлучи да се врати во Славен каде претходно во 54 настапи постигна 24 погодоци.
„Убаво е чувството повторно да се вратиш во Славен Белупо. Една од причините за моето враќање беше и сеќавањето на одличниот период минат тука, но и разговорите со раководството кое сака да направи чекор напред од резултатски аспект следната сезона. Се вратив во средина која добро ја познавам и каде се чувствувам одлично“ – истакна Ејупи на промоцијата во старо-новиот дрес.
30-годишниот офанзивец кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, претходно во својата кариера има настапи и за Металург, Шкендија и Хоризонт Турново на домашната сцена, албански Скендербег како и турскиот Карталспор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski