МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (5-2) од европскиот првак Италија во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Јасно е дека одбраната не била на потребното ниво кога ќе примиш пет гола, а дополнително и Столе Димитриевски одбрани пенал.
Висар Муслиу се сложува дека во овие квалификации, има многу пропусти во одбраната.
„Факт е дека овие квалификации примаме премногу голови. Тоа е очигледно. Од пет гола, четири да примиш од прекини, не е прифатливо за ова ниво. Мора да направиме анализа и да видиме каде грешиме. Очигледно беше дека на овој натпревар од прекини имавме голем проблем. Мора секој да го стави прстот на чело и да видиме сите заедно што не функционира. Многу брзо нѐ очекува дуел со Англија“, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













