Португалскиот стратег Жозе Мурињо влезе во топ 5 тренери според освоени бодови во Лига Европа во целата историја на турнирот, вклучувајќи го и Купот на УЕФА, почнувајќи од сезоната 1971/72. Досега, тимовите водени од португалскиот тренер освоија вкупно 124 бодови.
Повеќе од него имаат само Хуанде Рамос (130), Жорге Жезус (149), Џовани Трапатони (180) и Унаи Емери (213).
Мурињо го освои Купот на УЕФА со Порто во сезоната 2002/03 и Лига Европа со Манчестер Јунајтед во 2016/17.
Сега 61-годишниот специјалист е на чело на Фенербахче, кој игра во турнирот оваа сезона. Вчера, турскиот гигант одигра 1-1 против Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













