Connect with us

Мурињо сака нов дефанзивец: Максимовиќ би можел да пристигне во Рим

Српскиот стопер Никола Максимовиќ е на радарот на Рома, пренесува денешното издание на италијанската „Газета дело спорт“.


Новите имиња во Рома не успеаја да направат целосен пресврт во тимот бидејќи нивната ранливост беше очигледно видлива синоќа против Удинезе.

Рик Карсдорп изгледаше катастрофално, остатокот од одбраната не беше ништо подобар, а резултатот 4-0 за тимот од Удине тоа дефинитивно го поткрепува.

Поради тоа, Жозе Мурињо не сака да се откаже од идејата да ангажира друг фудбалер во блиска иднина. Еден од оние кои се на врвот е Никола Максимовиќ. Српскиот стопер е слободен играч, се поврзуваше со Црвена Звезда, но бидејќи ништо не излезе од тоа, тој се уште е во потрага по нов ангажман.

Максимовиќ имаше неколку понуди летово, се чини дека ја чека вистинската, а повик од Рома секако би бил одлична можност.

Рома го следи и белгискиот стопер Џејсон Денаер, кому му истекува договорот со Лион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови