Рома ја победи ЦСКА Софија со 5-1 на „Олимпико“ на почетокот на групната фаза од Конференциската лига, што е шеста победа во шест официјални натпревари од доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата. Но, и покрај убедливиот триумф, португалскиот стратег не беше задоволен од изданието на својот тим.
„Не одигравме добро. Создаваме вистински тим, но не ми се допадна начинот на кој игравме денес. На моменти бевме добри, се формира силен тим, но веќе разговаравме дека треба да бидеме уште повеќе тим кога ќе се најдеме во тешка ситуација. Сепак, јас воопшто не сум задоволен од изданието. Дефанзивците не излегоа доволно високо, немаше интензитет во играта и загубивме многу одбранбени дуели. Не можам да кажам дека игравме лошо, но не беше добро“, изјави Португалецот.
Сепак, тој го пофали капитенот и двоен стрелец Лоренцо Пелегрини и најави дека наскоро ќе потпише нов договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













