
Tренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, филозофски го објасни елиминирањето на тимот во квалификациите за Лигата на шампионите. Турскиот гигант беше елиминиран по продолженија од Лил, а решавачкиот гол за гостите беше постигнат од пенал во 118. минута.
„Горд сум на моите фудбалери. Направивме сè што можевме. Да, нема да играме против најголемите тимови, но вистината е дека немаше да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Мурињо.
Лил го запре Мурињо и Фенербахче по драма во Истанбул.
„Факт е дека се надевав да продолжиме понатаму, но никогаш немаше да стигнеме до финалето. Во Лига Европа имаме шанса. Од гледна точка на конкуренцијата, овој турнир е поинтересен за нас“, објасни Специјалниот.
Фенербахче ја започна сезоната во Турција со домашен триумф против Адана Демирспор (1-0), а во сабота ќе го пречека Гезтепе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
