Connect with us

Мурињо по дебаклот: Сега нема да ме прашувате зошто овие играчи не играат…

Жозе Мурињо во текот на кариерата водеше вкупно 1007 натпревари со Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед и со Тотенхем, а до синоќа никој против него не беше постигнал шест гола. Се случи и тоа чудо, на гостувањето на Рома кај Бодо во Норвешка во третото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Мурињо го доживеа најголемиот дебакл во кариерата. Римскиот клуб беше голем фаворит, но на крајот домашните славеа со неверојатни 6-1.


„Почетните 11 фудбалери на Бодо се подобри играчи од нашите. Сега веќе нема да ме прашувате зошто играм со истите играчи, а овие не играат“, изјави „Специјалниот“ по дебаклот.

Тимот на Бодо има вредност од „само“ 14,6 милиони евра, а Рома речиси 30 пати повеќе – 429,85 милиони евра. Сепак, Бодо победи со 6-1, иако јасно е дека Мурињо не го изведе најдобриот состав и практично го сочува главните фудбалери за натпреварот од Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови