
Медиумите ширум Европа го објавија наводниот најдобар тим во изборот на Жозе Мурињо (60). Според тие информации, Португалецот во идеалниот состав ги вклучи Петр Чех, Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карвалјо, Вилијам Галас, Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил, Кристијано Роналдо, Еден Азар и Дидие Дрогба.
Сепак, Мурињо се огласи и рече дека тоа се лажни вести. Тренерот на Рома на Инстаграм напиша:
„Најдобрите 11 на Ж.М., Ж.М. ги избира своите најдобри 11…Лажни вести. Никогаш не сум го правел ова. Отсекогаш сум одбивал да го направам тоа, тоа ми е невозможно и не го направив. Лажни вести“.
„Никогаш не го правев и нема да го сторам тоа. Имав толку многу врвни играчи, но најважно е што ми дадоа тие играчи. Играчите кои ми дадоа се: квалитет, труд, крв, душа… Сите тие се во моите најдобри 11. Сите. Затоа секогаш одбивав да ги одберам моите најдобри 11. Ги сакам и ги почитувам моите играчи. Лажни вести. Ве молам, почитувајте ја мојата историја и моите момчиња“.
Мурињо моментно ја води Рома и е еден од најдобрите тренери на сите времиња, откако освои сѐ што може да се освои. Тој ги водеше Бенфика, Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
