
Португалскиот стратег Жозе Мурињо се обидува да го засили составот на Рома за новата сезона во Серија А. Тој го презеде тимот ова лето и сака да ги засили сите линии во тимот.
„Специјалниот“ се чини дека пронајде стопер по свој вкус на „Камп Ноу“. Барселона мора да го распродава тимот поради лошата финансиска ситуација, а Мурињо посакува да го доведе Клемен Ленгле на „Олимпико“.
Рома испрати понуда вредна 15 милиони евра за дефанзивецот на Барса. Сепак, каталонскиот клуб бара 25 милиони евра за да му дозволи да замине во Серија А.
Ленгле минатата сезона одигра 33 натпревари во дресот на Барселона, но беше проценет како еден од најслабите фудбалери во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski