Рома ремизираше 1-1 против Јувентус во Торино синоќа, а тренерот Жозе Мурињо на интересен начин ги мотивирал фудбалерите на полувремето. Јуве имаше предност по првиот дел со голот на Душан Влаховиќ.
Сепак, во второто полувреме Рома одигра подобро и стигна до израмнување со погодокот на Абрахам.
„На полувремето им реков на играчите дека се срамам од нив. Имавме голема среќа во првиот дел што губевме само со 1-0. На полувреме им реков на фудбалерите дека се срамам од нив. Ја сфатија и пораката и потоа бевме поинаков тим во вториот дел. Задоволен сум како одигравме во продолжението и освоивме важен бод во Торино“, изјави Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













