Рома загуби со 1-0 на гостувањето во Торино и остана на седмата позиција на табелата во Серија А. Човек на одлука беше Французинот Адриен Рабио кој погоди во поблискиот агол по луцидна асистенција со петица на Душан Влаховиќ.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, по натпреварот даде изјава за „ДАЗН“.
„Разочаран сум што на полувремето отидовме со 0:0 бидејќи имавме многу добри шанси. Не постигнавме гол, а голот несреќно го примивме. После тоа сѐ беше многу потешко. Задоволен сум од карактерот што го покажавме. Луѓето треба повеќе да го почитуваат тоа што го прави Рома. Работата што ја работиме во овие услови е чудесна“, изјави Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













