Connect with us

Мурињо ќе доведе уште две засилувања

Рома стартуваше со две победи во првенството, двете минимални, не примија гол и со голема самодоверба пристигнуват во Торино на дуел против разнишаниот Јувентус. Ова ќе биде голема шанса за „волчицата“, особено ќе биде интересно да се види Пауло Дибала против својот поранешен клуб, а за Мурињо, како и обично, се резервирани навреди од трибините на „Алијанц стадион“.


Но, во сенка на таа игра, Португалецот составува исклучително силен тим, остануваат уште две позиции за да се заокружи тимот.


Вајналдум се повреди, па Жозе Мурињо им порача на американските сопственици кои апсолутно му веруваат дека му требаат уште играчи од средниот ред и напаѓачи.


Имињата се познати, неодамнешниот напаѓач од Торино, Андреа Белоти чека Рома да го префрли младиот Феликс Џан во Кремонезе, да отвори место во ростерот и најверојатно ќе пристигне до крајот на неделата.


Второто име, поточно, прв избор на Мурињо за фудбалер од средниот ред е Саша Лукиќ. Во опција е и Леандро Паредес од ПСЖ, за кого интерес покажува и Јувентус.


Мурињо летово заедно со сега веќе повредениот Вајналдум ги доведе одличниот турски бек Зеки Челик, Матиќ, ги задржа клучните играчи, а приказната би ја комплетирале Белоти и Лукиќ. Целта е по пет години да се врати во Лигата на шампионите, а навивачите веруваат дека тимот може да се бори и за титулата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови