
Тренерите на Рома и на Јувентус, Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри, добиле баснословни понуди од арапските клубови.
Се вели дека Мруињо веќе добил пеколна понуда од клуб во Саудиска Арабија, иако името на клубот не е објавено.
Сепак, Италијанците шпекулираат дека станува збор за Ал-Итихад, кој моментно е на шестото место и далеку од борбата за титулата. Клубот потроши многу пари, ги доведе Канте, Фабињо, Бензема, Жота, но тие се далеку од резултатите што ги очекуваа.
Се тресе клупата на тренерот Марсело Галјардо, но прашање е колку е реално Мурињо да дојде и да го напушти кормилото на Рома?
Договорот на Мурињо со Рома истекува во јуни 2024 година, а ако се трпеливи во Саудиска Арабија, не е исклучено да го видиме „Специјалниот“ од лето во ветената земја за фудбалери, но и за тренери.
Сѐ уште не е разговарано за продолжување на соработката на Рома со португалскиот стручњак, па сите карти се на маса.
Масимилијано Алегри исто така добил понуда да се пресели во Саудиска Арабија. И покрај добрите резултати со Јувентус оваа сезона, сѐ уште се шпекулира дека тој ќе го напушти Торино по завршување на шампионатот. Следната дестинација би можела да биде далечната Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго де Пол е ново засилување за Интер Мајами

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае
