Connect with us

Мурињо го сака Бруно Гимараеш на „Олимпико“

Рома има намера да го привлече играчот од средниот ред на Лион, Бруно Гимараеш. Португалскиот стратег Жозе Мурињо инсистира да го доведе Бразилецот на „Олимпико“.


Францускиот клуб сака да добие 45 милиони евра за 24-годишниот играч за врска. Во оваа фаза од преговорите Рома е подготвена да плати 30 милиони евра за да го има бразилскиот репрезентативец во своите редови.

Рома ја заокружи 2021 година на шестата позиција на табелата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови