Португалскиот стратег Жозе Мурињо на почетокот на идната сезона ќе седне на кормилото на Рома, но веќе работи на создавањето на нов тим. Тој има во план да доведе неколку засилувања, па и еден фудбалер на Манчестер Јунајтед. На листата на желби на Мурињо се наоѓа името на Немања Матиќ.
32-годишниот играч за врска има договор со Јунајтед до 2023 година, но Солскјер е подготвен да го пушти ова лето со оглед дека се почесто е на клупата за резервни фудбалери. Прва опција за него е Бразилецот Фред.
Рома има добри односи со Манчестер Јунајтед и не би требало да има големи проблеми за реализација на трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













