Connect with us

Мурињо го кани Зијеш во Рома

Мароканскиот фудбалер Хаким Зијеш е на излезна врата во Челси, а најновата понуда за него доаѓа од Рома. Португалскиот стратег Жозе Мурињо и раководството на „волчицата“ стапиле во контакт со агентот на Зијеш и му ја претставила можноста крилниот напаѓач да се пресели на „Олимпико“.


Овој потег на Рома најверојатно е предизвикан од желбата на Николо Заниоло да го напушти „вечниот град“.

Тоа што потенцијално ја кочи преселбата на 29-годишниот Зијеш во Рома е неговиата голема плата во Челси. Напаѓачот заработува 6.500.000 евра годишно на „Стемфорд Бриџ“, а италијанскиот клуб не може да му ги понуди тие пари.

Договорот на Зијеш со Челси истекува во летото 2025 година, а неговата вредност се проценува на околу 20.000.000 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови