Жозе Мурињо беше гостин во подкастот на Рио Фердинанд. Во него тој призна дека е многу повреден поради отказот што неодамна го доби од Рома, а потоа ги откри и неговите фаворити за освојување на англискиот фудбалски шампионат и на Лигата на шампионите.
Ливерпул во моментов е водечки тим во Премиер – лигата со два бода предност, но и натпревар повеќе од Манчестер Сити. Откако малку размислуваше за конечниот одговор, Мурињо сепак му даде предност на тимот на Пеп Гвардиола.
За него „граѓаните“ се и еден од двата најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампионите.
„Би рекол дека или Манчестер Сити или Реал Мадрид ќе ја освојат Лигата на шампионите. Би сакал трофејот да оди во Реал, за доброто на клубот и Карло Анчелоти“, изјави Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













