
Рома извлече реми на гостувањето кај Сасуоло (1-1), а по мечот гневен беше тренерот на тимот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег изјави дека еден од фудбалерите до тој степен го разочарал што повеќе нем да биде дел од тимот.
„Мислам дека одигравме добро, блиску до работ на можностите. Претходните денови беа тешки, но ние им пристапивме позитивно и со вистински тон. Сакавме да победиме и да го контролираме мечот. Сасуоло не е лесен противник, тие се многу брзи во контранапади. Жал ми е што непрофесионалниот однос на еден човек го скрши притисокот врз другите. Не кажав ништо за Роџер Ибањез по неговите грешки против Лацио, бидејќи тој се однесува како вистински професионалец. Играчите знаат дека е нормално да се прават грешки. Сепак, овојпат видов сериозно непрофесионално однесување. Неправедно кон соиграчите и за тоа најмногу жалам“, изјави Мурињо.
„Задоволен сум од целиот тим со исклучок на овој фудбалер. На теренот се појавија 16 фудбалери и за 15 од нив се радувам како одиграа. Од кого сум незадоволен? Не сакам да го кажам јасно, но во јануари ќе треба да си најде нов клуб“, додаде Специјалниот.
Според медиумите во Италија, фудбалерот што го споменува Мурињо е Рик Карсдорп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
