Жозе Мурињо (61) од јули го предводи турскиот Фенербахче. Целта му е да го освои шампионскиот трофеј во Турција, но моментно на тимот не му оди според планот.
Фенербахче е четврти со 17 бодови, осум помалку од лидерот Галатасарај, но има и еден одигран натпревар помалку.
Од Турција стигна веста дека Мурињо сè уште нема купено куќа во Истанбул. Се навикнува на животот во Турција и во моментот живее во хотел.
Мурињо престојува во луксузниот хотел „Four Seasons“ на бреговите на Босфорот. Најевтината соба во овој хотел чини 1200 евра за ноќ. Португалецот е во Истанбул 141 ден, што значи дека досега потрошил 171.000 евра на живот во хотел, а тоа нема да заврши, бидејќи неговиот ангажман во Фенербахче ќе трае уште некое време.
Ова не е првпат да живее во хотел. Неговиот скап апартман се наоѓа на европската страна на Истанбул, каде доминираат навивачите на Галатасарај. Погледот од хотелската соба се простира на азиската страна на градот, каде што се главно навивачите на Фенербахче.
Ова му е вторпат во кариерата да престојува во хотел. За време на своето време на клупата на Манчестер Јунајтед, живееше во хотелот „The Lowry“, исто така на брегот на река. Мурињо е еден од најголемите тренери во историјата. Ги водел Бенфика, Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski