Connect with us

Мурињо: Деле Али е „опасен“ по Тотенхем

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али доби уште едно понижување од менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. Тој истакна дека Деле Али бил „опасен“ по својот тим со играта што ја прикажа на дуелот против Стоук (1-3) во Лига купот на Англија. 

Деле Али го имаше првиот старт за Тотенхем по 26 ноември и направи грешка по која Стоук го постигна единствениот гол. 

„Во таква ситуација играчот треба да креира шанса, а не да креира проблеми за својот тим“, изјави Мурињо.

Деле Али е се поблиску до заминување од Тотенхем, а се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови