Михаил Мудрик одлучил да го следи примерот на Пол Погба, откако стана јасно дека Украинецот добил позитивен резултат на допинг – тест и е привремено суспендиран од фудбалот.
Од Челси ја потврдија информацијата за позитивниот допинг тест на еден од нивните најскапи играчи.
Според медиумите на Островот, Украинецот одлучил да побара правна заштита од адвокатската фирма „Morgan Sports Law“, истата која го застапуваше Погба за време на неговото судење и успеа да ја намали неговата суспензија од 4 години на 18 месеци.
Мудрик се соочува со иста закана да биде суспендиран на период од 4 години.
Челси веќе му забрани на Михаил да тренира во тренинг центарот на клубот, но во исто време му обезбеди потребна поддршка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













