Македонскиот прволигаш Шкупи му даде доверба на Муарем Бајрами да го предводи тимот во наредните две сезони. Тој ја завршува играчката кариера и стави потпис на двегодишна соработка како шеф на стручниот штаб на клубот од Чаир.
„Привилегија е да се биде тренер на Шкупи, голема чест, но и обврска. Би сакал да се заблагодарам на раководството за укажаната доверба, се надевам дека ќе ја оправдам со напорна работа. Имаме квалитетен тим, а ќе се потрудиме да доведеме и неколку засилувања. Наш голем адут секогаш се и навивачката група Шверцери“, изјави Муарем Бајрами, на кого ќе му помагаат Енес Ќаили и Игор Тасевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













