Вистинска животна драма му се случила на голманот на Раднички од Сремска Митровица, Спасоје Стефановиќ, пренесуваат српските медиуми. Тој добил толку силен удар, што веднаш бил пренесен во болница, а потоа на итна операција му бил отстранет повредениот бубрег. Инаку, тој во кариерата настапуваше и во Македонија, го носеше дресот на Силекс и на Скопје.
На натпреварот од Првата лига на Србија против Жарково (0-1), се случил жесток судир кога голманот
Стефановиќ сакал да ја избоксува топката. Тој паднал на теренот, интервенирал лекарскиот тим, но било уврдено дека итно ќе мора да биде згрижен во најблиската клиника каде бил опериран.
Моментот на судирот се забележува на видеото (0:35 секунда).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













