Македонскиот претставник Шкупи вечерва (19 часот) му гостува на Левски во Софија, во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. По поразот (0-2) во Скопје, можеби и не се очекува сензација од тимот на Џихат Арслан, но сигурно дека неговите избраници нема предвреме да се предадат.
„Не дојдовме во Софија на екскурзија. Сигурно дека сакаме да одиграме квалитетно и да се обидеме да го надоместиме тоа што го пропуштивме на првиот меч во Скопје. Имавме шанси, но затаи реализацијата, а тоа противникот знаеше да го казни. Сепак, ние сме максимално мотивирани да одиграме добар меч на реваншот“, изјави Суад Сахити.
Мечот меѓу Левски и Шкупи е закажан за 19 часот на стадионот „Георги Аспарухов“ во Софија. Шкупи ќе биде без поддршка од навивачите по инцидентите што се случија на првиот натпревар во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













