Охрид е второлигаш и во новата сезона, а само малку повеќе концентрација или среќа го делеа тимот од пласман во елитата во баражот против Ренова минатата сезона. Тоа сепак е зад фудбалерите и тренерот Драган Бочески кои ги стартуваа подготовките за новиот шампионат.

Игор Клечкароски, Мурат Адили и Сашо Шопоски се засега новите имиња во составот на Охрид, заминаа капитенот Наум Вељаноски и Бурхан Алији, но клубот успеа да го задржи голманот Никола Симоновски.
Тренерот Драган Бочески верува дека Охрид и следната сезона ќе има респектабилен состав во Втората лига Запад.

„Стартувавме со голем елан и позитивна енергија. Формираме респектабилен тим и веруваме дека и во новата сезона ќе играме значајна улога“, велат охриѓани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













