Connect with us

Може ли Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиер – лигата и да му ги одземат титулите?

По четири години истрага, Премиер – лигата го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 случаи на прекршување на финансиските правила на лигата. Клубот е обвинет дека ги криел изворите на приходи, како и реалните износи на платите на фудбалерите и дека преку таен договор му платил милиони на поранешниот тренер Роберто Манчини.


Британскиот „Тајмс“ истакнува дека толкав број сериозни прекршувања на правилата на лигата е без преседан во историјата.


„Доколку се докаже дека Сити е виновен, се соочува со можност за одземање бодови или дури и исфрлање од лигата“, тврдат медиумите на Островот.


Покрај споменатите казни, на Сити му се заканува и губење на шампионските титули, забрана за трансфери и ограничување за трошење пари.


„Би-Би-Си“ истакнува дека Манчестер Сити е обвинет за кршење на споменатите правила од 2009 до 2018 година и потсетува дека пред три години УЕФА го казни клубот со двегодишна забрана за учество во европските купови и уште 30 милиони евра за „сериозни прекршувања“ на финансиските фер-плеј од 2012 до 2016 година, но Спортскиот суд (CAS) во Лозана ја поништи таа пресуда.


ЦАС не само што го поштеди Сити од исфрлање од Европа, туку и ја намали финансиската казна од 30 милиони на 10 милиони евра. Но, новото обвинение против Сити, кое сега го покрена Премиер – лигата, опфаќа двојно подолг период и дури 100 случаи на прекршување на финансиските правила. Отежувачка околност за Сити е што во обвинението стои дека клубот одбил да соработува со истражителите.


Англиската јавност, но и фудбалските фанови ширум светот, од сите казни што му се закануваат на Манчестер Сити, секако, доколку биде прогласен за виновен, најинтригантна е најстрогата казна што клубот може да ја добие, а тоа е исклучување од Премиер – лигата. Затоа што во деветте години опфатени со истрагата и обвинението, Сити трипати ја освојуваше титулата во Англија, а од 2018 година до денес уште трипати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови