
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, го изрази своето незадоволство по ремито 2-2 против Венеција во натпревар од 16. коло на Серија А. И покрај тоа што „старата дама“ останува непоразена во шампионатот, Мота смета дека тимот мора да покаже значителен напредок.
„Не одигравме добро против противник кој се бранеше организирано. Дефинитивно мора да играме подобро. Како што кажав претходно, секој натпревар е различен, но ова нема врска со настапите во Лигата на шампионите. Не можеме да бидеме задоволни од квалитетот на играта. Мораме да направиме чекор напред. Постигнавме гол и требаше да продолжиме да напаѓаме, да создаваме повеќе шанси и да го затвориме натпреварот. Наместо тоа, дозволивме противникот да се врати во игра“, изјави Мота.
Јувентус, иако е непоразен по 16 одиграни кола, има сериозен проблем со големиот број нерешени резултати. Тимот не само што значително заостанува зад лидерите во шампионатот, туку во моментов е и надвор од првите четири места на табелата.
Мота ги повика своите играчи да се фокусираат на подобрување на ефикасноста и менталитетот, со цел да избегнат слични ситуации и да останат конкурентни во битката за врвот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal