
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, е пресреќен по победата на неговиот тим со 2-3 против Лајпциг на гости во Лигата на шампионите. Стратегот истакна дека неговиот тим одиграл подобро кога останале со десетмина играчи на теренот.
„Игравме добро и во првото полувреме, иако имаше некои технички грешки, но игравме дури и подобро кога останавме со 10 играчи на теренот. Мислам дека разликата во второто полувреме беше во тоа што покажавме поголема верба и желба да го докажеме нашето надмоќно ниво над противникот. Затоа победата е заслужена. Играчите покажаа храброст, а не јас, така што тие заслужуваат честитки. Тие покажаа дека вистински веруваат во она што го зборувавме пред натпреварот. Овие фудбалери го носат дресот на голем клуб, така што треба да имаат вистински менталитет. Покажаа гордост и решителност за сите тренери кои работат со нив и за навивачите кои ги гледаа. Треба оваа желба да ја претвориме во посветеност и решителност. Среќен сум, затоа што ова беше тежок натпревар со многу негативни моменти, но ние реагиравме добро на сите тешкотии“, изјави Мота.
„Во секој натпревар може да се случат негативни инциденти, а овојпат ги имаше премногу. Важно е, сепак, што тимот правилно реагираше во оваа ситуација. Ја задржавме самодовербата и ја покажавме вистинската поставеност, а тоа е основата врз која можеме да градиме понатаму. Покажавме дека со вистинскиот пристап можеме да го промениме текот на секој натпревар. Важно беше како ќе пристапиме кон овој натпревар, бидејќи игравме против млади момци кои сакаат да напаѓаат со ентузијазам, па затоа беше важно да не направиме грешка уште при првто додавање“, истакна тренерот на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski